Општина Дебар ја прими првата испорака од 2.542 канти, секоја со капацитет од 120 литри, наменети за собирање мешан отпад. Овие канти ќе се делат од врата до врата низ целиот град Дебар и во околните села.
Оваа испорака е една од шесте главни точки на проектот поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Швајцарската агенција за развој – SECO, како дел од Регионалната програма за цврст отпад во Југозападниот регион на Република Северна Македонија.
Поделбата на овие канти значително ќе ја олесни работата на јавното комунално претпријатие, ќе ги подобри нашите услуги и директно ќе придонесе за почист град.
Ова е само првиот чекор кон нашата цел Дебар да стане еден од најчистите градови во Република Северна Македонија.
Им благодариме на сите граѓани за соработката и постојаната поддршка!
Општина Дебар