Во последните денови, во зоната на Езерото во Дебар, беше утврден обид за узурпација на јавен имот. Благодарение на брзата реакција на Општина Дебар и соработката со надлежните служби, јавниот простор беше ослободен без одлагање, а местото беше оградено со службени ленти за да се спречи секакво понатамошно зафаќање.
Сакам решително да нагласам дека ваквите појави се минато. Во Општина Дебар нема да дозволиме ниту еден обид за злоупотреба на заедничкиот имот. Институционалната реакција ќе биде итна, одлучна и бескомпромисна кон секое прекршување што има за цел узурпација на јавните површини.
Јавниот имот за нас е свет. Тој им припаѓа на сите граѓани и ќе биде заштитен со максимална посветеност. Ќе продолжиме секојдневно да работиме ниту една педа од заедничката земја да не биде злоупотребена или загрозена.
Ви благодарам за соработката и ве повикувам да ги известувате нашите институции за секој сомнителен случај. Заедно го чуваме Дебар и нашата заедничка иднина.
Ваш, Фисник Мела
Градоначалник на Општина Дебар