| Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02), Член 16, 17, 18 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020) и член 56 од Статутот на Општина Дебар се објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР Општината распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики. Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината. Улога и задачи на Иницијативниот одбор: Начин на пријавување: преку адреса на е-пошта Е-mail: dibra@dibra.gov.mk |