Градоначалникот денеска на официјална средба го прими градоначалникот на Општина Пешкопија, г. Рахим Спахиу. На почетокот на средбата, г. Спахиу му посака на градоначалникот успех и успешен мандат на функцијата градоначалник.
Во текот на разговорот, двајцата градоначалници ги споделија своите ставови за зајакнување на соработката меѓу двете општини и за проектите што ги поврзуваат. Беше нагласена важноста на проектот „One Stop“, како и на неколку други заеднички иницијативи за поефикасни јавни услуги и подобар живот на граѓаните на двете заедници.
Двете страни ја потврдија подготвеноста да ја продлабочат институционалната соработка и да преземат конкретни чекори кон заеднички развој.