ул. „8 Септември“ бр. 72, 1250 Дебар • +389 46 831 196
Република Северна Македонија

Општина Дебар

Новости

Денеска, по повод пензионирањето на директорот на ООУ „Ристе Ристевски“, Шанија Ајроски, градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, му честиташе и му се заблагодари за долгогодишниот придонес во образованието.

Градоначалникот Мела му посака на г. Ајроски здравје и успех во новата животна фаза, оценувајќи ги високо неговата работа и неуморната посветеност на развојот на училиштето и на поддршката на многу генерации ученици.

На негово место, за вршител на должноста директор е назначен Арменд Незири, кој одговорно и посветено ќе продолжи да раководи со установата.

Градоначалникот Мела изразува длабока благодарност до г. Шанија Ајроски и му посакува успех на г. Незири на новата должност.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПЧЕЛАРИТЕ
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ – 15-та седница