ул. „8 Септември“ бр. 72, 1250 Дебар • +389 46 831 196
Република Северна Македонија

Општина Дебар

Новости

Денес во Дебар се одржа свеченоста за доделување на клучевите од 47 социјални станови, наменети за граѓаните кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и законски утврдените критериуми.

Денес во Дебар се одржа свеченоста за доделување на клучевите од 47 социјални станови, наменети за граѓаните кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и законски утврдените критериуми.

На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски, и генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски.

Становите им беа доделени на корисниците кои, согласно јавниот повик, ги исполниле предвидените критериуми. Меѓу нив се лица без соодветно станбено решение, деца без родители или родителска грижа по навршување на 18 години, корисници на гарантирана минимална помош, како и лица погодени од елементарни непогоди.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Дебар изрази благодарност за континуираната поддршка од Владата кон градот, истакнувајќи дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Тој ги истакна и инвестициите што се реализираат во Дебар, вклучувајќи ја изградбата на новиот булевар покрај оваа станбена зграда, кој се финансира во рамките на проектите од унгарскиот кредит, со вкупна вредност од околу 2 милиони евра за Општина Дебар.

Општина Дебар им честита на сите добитници на становите и им посакува добро здравје, среќа и убави моменти во нивните нови домови.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПЧЕЛАРИТЕ
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ – 15-та седница