ул. „8 Септември“ бр. 72, 1250 Дебар • +389 46 831 196
Република Северна Македонија

Општина Дебар

СООПШТЕНИЕ – 4-та седница

Врз основа на член 39став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 18.12.2025 год. се донесе: Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 4та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР Cедницата се свикува за 23.12.2025 (ВТОРНИК) со почеток во 10:00 часот во салата на […]

Генералното собрание на ЗЕЛС

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, учествуваше на Генералното собрание на ЗЕЛС, каде со едногласна одлука беше реизбран Претседателот на ЗЕЛС за нов мандат. ✔️ За време на Собранието беше истакната важноста на продолжувањето на процесот на децентрализација, зајакнувањето на локалната самоуправа и институционалната соработка за развој на општините. 📌 Беше нагласена улогата на ЗЕЛС […]

Официјална средба со Амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, амбасадорот Сатибалди Буршаков

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, денес оствари официјална средба со Амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, амбасадорот Сатибалди Буршаков. За време на средбата се разговараше за зајакнување на пријателските односи и соработката меѓу локалните институции и дипломатските претставништва, како и за можностите за соработка во области од заеднички интерес, […]

ReWaste

Тимот на Општина Дебар, предводен од градоначалникот, учествуваше на почетниот (kick-off) состанок на проектот ReWaste, прекуграничен проект помеѓу Општина Дебар и Општина Војо во Грција, кој се имплементира во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Северна Македонија, финансирана од Европската Унија. Во рамки на состанокот се одржа и заедничка средба помеѓу […]

Теренска инспекција на работите

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, заедно со директорот на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, г. Нертил Османи, извршија теренска инспекција на работите и состојбата на патот во селото Долно Косоврасти . Градот дише… Се работи на повеќе фронтови… Реконструкцијата на патот во селото Косоврасти опфаќа санација на постојниот коловоз, подобрување на подлогата, уредување на […]

Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, учествуваше на Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација, на која присуствуваа градоначалници, надлежните министри и амбасадори од партнерските земји. На конференцијата се дискутираше за унапредување на локалните услуги, напредокот на процесот на децентрализација, општинското финансирање за 2024 година, како и беше презентиран DMS системот и новите дигитални […]

Градоначалникот на Општина Дебар, господин Фисник Мела, оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, госпоѓа Анџела Агелер

Градоначалникот на Општина Дебар, господин Фисник Мела, оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, госпоѓа Анџела Агелер. Оваа посета претставува и прва официјална посета на амбасадорка во новиот мандат на градоначалникот Мела. Посетата на амбасадорката претставува значаен чекор кон унапредување и зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебар и институциите […]

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, денес ги изврши увидите на градежните работи за асфалтирање на последниот сегмент од улицата „Ибрахим Колари“

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, денес ги изврши увидите на градежните работи за асфалтирање на последниот сегмент од улицата „Ибрахим Колари“, проект што е целосно финансиран од Министерството за транспорт. За време на увидот беше констатирано дека работите се одвиваат согласно планираната динамика и потребните технички стандарди. Ова значајно вложување ќе го подобри сообраќајот […]

Општина Дебар ги известува граѓаните дека е опремена со нов багер

Општина Дебар ги известува граѓаните дека е опремена со нов багер, кој ќе се користи за потребите на Општина Дебар, со цел подобрување на комуналните услуги и зголемување на ефикасноста при извршување на дневните задачи. Ова ново работно средство е обезбедено во рамките на проектот за зајакнување на локалните капацитети, во кој Општина Дебар учествува […]

Општина Дебар ја информира јавноста дека успешно е завршен проектот за новиот водовод во селото Могорче

Општина Дебар ја информира јавноста дека успешно е завршен проектот за новиот водовод во селото Могорче – капитална и долгоочекувана инвестиција која обезбедува стабилно и квалитетно водоснабдување за жителите на ова подрачје. Проектот опфати изградба на нов водовод со должина од 3.4 километри, кој го поврзува природниот извор со двата главни резервоари на селото. Оваа […]