
На 5 ноември 2026 година, Општина Дебар беше домаќин на втората партнерска средба на проектот ReWaste. На средбата учествуваа претставници на Општина Дебар, Општина Војо како водечки партнер, CluBE од Грција и ЦРИС.
Партнерите го разгледаа досегашниот напредок и ги координираа следните чекори во спроведувањето на проектот. Посебно внимание беше посветено на опремата за управување со отпад, едукативните активности и подигањето на јавната свест, како и на соработката со училиштата и локалната заедница.
Во рамките на проектот, за Општина Дебар веќе е обезбеден повеќенаменски багер. Оваа инвестиција има цел да ги зајакне капацитетите на комуналните служби и да го подобри управувањето со отпадот.
Проектот ReWaste има вкупен буџет од 919.966,80 евра и се кофинансира од Европската Унија (80%) и национални средства (20%), во рамките на Програмата Interreg VI-A IPA „Грција – Северна Македонија 2021–2027“.