Општина Дебар започна со реконструкција на повеќенаменското спортско игралиште во ООУ „Ристе Ристески“ во село Могорче.
Со овој проект ќе се создадат подобри услови за спортски, рекреативни и училишни активности, обезбедувајќи современ и функционален простор за учениците и жителите на селото.
Оваа инвестиција се реализира со средства од Буџетот на Општина Дебар.