ул. „8 Септември“ бр. 72, 1250 Дебар • +389 46 831 196
Република Северна Македонија

Општина Дебар

Новости

7 Март – Ден на учителот

7 Март – Ден на учителот

По повод 7 Март – Денот на учителот, во отсуство на градоначалникот на Општина Дебар, кој е на службено патување, претседателот на Советот на Општина Дебар, г. Африм Кркути, положи букет цвеќе на Споменикот на азбуката, кај бистите што го симболизираат образованието и придонесот на истакнатите личности на нашиот народ, како Саид Најдени и Јосиф Багери.

Овој симболичен чин беше изведен во знак на почит и благодарност за делото и жртвата на оние што придонеле за развојот на образованието и ширењето на знаењето на албански јазик. Со овој гест Општина Дебар го почитува драгоценото образовно наследство и со гордост се сеќава на личностите што оставиле неизбришлива трага во нашата национална историја.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПЧЕЛАРИТЕ
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ – 15-та седница