Историски момент за градот Дебар!
Денес беше одбележан еден од најзначајните моменти за Дебар и целиот пограничен регион, со потпишувањето на договорот за имплементација на моделот One Stop Shop меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. 🇲🇰🤝🇦🇱 Договорот беше потпишан од министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, и Mинистерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт […]
Координативни средби за проектот ReWaste во Дебар

Минатата недела, претставници на Центарот за разбирање и институционална соработка – QMBI и Општина Дебар одржаа координативни средби во рамки на проектот ReWaste. Средбите се одржаа со Градоначалникот на Општина Дебар, а потоа продолжија со директорите на три јавни училишта во Дебар. Целта на средбите беше координација на претстојните проектни активности, зајакнување на соработката со […]
Започна реализацијата на проектот за изградба на јавни паркинзи во Дебар
Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите. Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна […]
Акција за јавни површини
Благодарение на одличната соработка помеѓу Општина Дебар и граѓаните, ослободени се јавни површини кои беа зафатени со бесправно изградени објекти. Ова е добар пример за дијалог, меѓусебно разбирање и граѓанска одговорност. На овие простори ќе се реализираат важни проекти за заедницата, како што се јавни паркинзи, тротоари, јавно осветлување и зелени површини. Заедно градиме поуреден, […]
Практична активност од страна на Територијалната противпожарна единица – Дебар
Денес во ООУ „Пенестија“ се одржа практична активност од страна на Територијалната противпожарна единица – Дебар, посветена на безбедноста и заштитата од пожари. Во рамките на активноста, наставниците и училишниот персонал беа запознаени со начинот на користење на опремата за гаснење пожар и со постапките што треба да се преземат во случај на вонредни ситуации.Општина […]
Дератизацијата и дезинсекцијата во градот Дебар
Успешно ја реализиравме првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата во градот Дебар, при што беа третирани 150 шахти од канализациската мрежа. Истовремено беше спроведена и дезинсекција против комарци на целата територија на Општина Дебар, со цел заштита на јавното здравје, спречување на ширењето на болести и создавање побезбедни услови за граѓаните.
Општински енергетски план за 2027 година
Достава на Одлука за усвојување на општински енергетски план за 2027 година Годишен општински енергетски план – Дебар 2027 (дополнување) Одлука за усвојување на Општински план за енергетика 2027 Службен гласник на Општина Дебар бр. 12/2026 Заклучок за објавување на Одлуката за усвојување на Општински план за енергетика 2027
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО: ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ
Се известуваат сите пчелари на територијата на Општина Дебар дека на ден 04.06.2026 година (четврток), во периодот од 18:00 до 06:00 часот, ќе се врши терестичка дезинсекција против комарци.Дезинсекцијата ќе ја изврши компанијата TRULI NOLEN NM LLC со ULV апарат и ќе ги опфати зелените површини, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депониите и околните зони, како […]
Eколошката акција
Денес, преку еколошката акција организирана во нашата општина, покажавме дека со заеднички ангажман можеме да направиме позитивни промени за животната средина и нашиот град. Искрено им благодарам на сите граѓани, волонтери, организации, бизниси и локални институции кои придонесоа за успешната реализација на оваа акција. Вашиот ангажман е доказ за одговорноста и грижата за нашата заедница. […]
JABEH ПОВИК OПШТИНА ДЕБАР • СОВЕТ НА ОПШТИНА – ЗА ПРОЛАВУВАНЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ПРИЛАВУВАНЕ Н А КАНДИДАТИ ЗАИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ВО УПРАВЕН ОДБОР И НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА МАТЕRИАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕНЕ НА ЈКП „СТАНДАРД” – ДЕБАР
Јавен Повик