Виртуелен туристички водич за општина Дебар, спонзориран од самата општина. Во соработка со компанијата „Македонија од горе“, која подготвува виртуелни туристички водичи низ Македонија, Општина Дебар спонзорираше виртуелен поглед од 360 степени и за нашата општина: градови, села, хотели, ресторани, музеи, меморијални центри и споменици, верски објекти – цркви, манастири, џамии – и други прекрасни пејсажи и локации кои би го интересирале секој турист.