ООУ „ПЕНЕСТИЈА“

Материјално-технички услови:
Генерално, училиштето располага со поволни материјално-технички услови, кои ги задоволуваат тековните потреби, а постојано се работи на нивно подобрување во полза на квалитетот на воспитно-образовниот процес.
Секоја година се врши попис, се утврдува амортизацијата и се изготвуваат списоци на потребните материјали за наредните години.
ВИЗИЈА
Училиштето ќе создаде образовен модел со висок квалитет, кој воедно ќе биде пример за еднакви можности и пристап. Тоа ќе биде интегриран образовен модел што ги поттикнува, охрабрува и интегрира мултиетничките вредности, а истовремено ги промовира и поддржува партнерските односи меѓу учениците, наставниците и родителите и го охрабрува учеството на заедницата преку градење хармонични односи засновани на почитување на различностите.
МИСИЈА
Мисијата на училиштето е залагање за интегрирано меѓуетничко образование преку современа и мултиетничка воспитно-образовна установа, која ќе обезбедува високо квалитетно образование преку наставни и воннаставни активности. Интегрираните воннаставни активности ќе овозможат индивидуализиран пристап кон секој ученик, како и постојана тимска работа и работа во парови, што ќе придонесе за подобар квалитет на образовниот процес воопшто, но и за развој на голем број компетенции и животни вештини кај учениците, наставниците и родителите, неопходни за квалитетен соживот во мултиетничка заедница.
Во рамките на својата мисија училиштето ќе промовира:
-
- соработка и дијалог како средство за решавање проблеми и зближување на луѓето;
- заемна почит меѓу учениците и нивните семејства од различно етничко, верско и културно потекло;
- еднакви можности и еднаков третман за сите ученици, преку негување позитивни односи и заемна доверба;
- почитување на важните општествени вредности, како што се: почитување на различностите, отворена комуникација, дијалог, толеранција, конструктивност во решавањето конфликти и надминување на стереотипите и предрасудите.
ООУ „ПЕНЕСТИЈА“ – Дебар
Е-пошта: Shfk.dv.diber@gmail.com
Тел.: 046/831 064
Број на ученици во ООУ „Пенестија“ 2019/2020 Број на ученици во ООУ „Пенестија“ (од 2015 до 2019)