Градоначалник

Д-р Хекуран Дука, е роден на 21 февруари 1963 во Дебар, Република Македонија.  Син на Еќерем и мајката Земрије Мјештри-Дука, родители кои со многу посветеност и упорност  придонесоа за образованието на новите генерации и нивните деца.

Основното и средното образование ги заврши во родниот град.  Во 1983/84 година се запиша на Медицинскиот факултет,  во Универзитетот на Приштина. Од 1989 до 1990 година ги прекина студиите во овој универзитет поради затворањето на истиот, како резултат на социјалната и политичката состојба на времето во Република Косово. Студиите ги продолжи на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј “ во Скопје, каде што во 1992 година успешно ги заврши и  доби титула „Доктор по медицина„.

Во 1994 година се вработи во Медицинскиот Центар-Дебар, каде до 2001 година работеше како општ лекар во сите Дебарски села како и во самиот град Дебар. Во 2001 година ги продолжува специјалистичките студиите во областа на Хирургијата отсек Урологија во  Медицинскиот факултет во Скопје. Во 2005 година добива титула „Специјалист Хирург –Уролог„.

Д-р. Хекуран е сопруг на Вјолца, акушерка.Татко на ќерката Мирела, професор по англиски јазик, и синовите Еќерем правник и Фатлум студент на правни науки.

Д-р Хекуран Дука е сертифициран од многу медицински форуми и семинари од национален и меѓународен карактер. Од Здружението на албански лекари во Р. Македонија, доделено му е  признание за посебен придонес во здравствената заштита на населението во регионот на општина Дебар и пошироко.

Во декември 2017 година на локалните избори за градоначалник и општински совет, беше избран за советник во општинскиот совет на градот Дебар.

Со одлука на општинскиот совет, на 31.01.2019 година беше избран да ја врши функцијата в.д градоначалник на општина Дебар.

На предвремените избори за градоначалник на општината,  одржани на 21.04.2019 година, беше изгласан и избран за градоначалник на општина Дебар.

Др. Хекуран Дука

Градоначалник на општината

 

Градоначалникот ја претставува и застапува општината.

 

Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4(четири) години.

Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Функцијата градоначалник е инкопатибилна со друга функција.

 

 

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

  • иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на општината;
  • го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органот на државната управа;
  • го предлага годишниот бужет и годишната сметка на Бужетот на општината;
  • го извршува бужетот на општината;
  • решава во управни работи за обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  • раководи со општинската администрација;
  • донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  • одлушува за вработувањето, прават, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  • врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.

 

Градонашалникот има право да присуствува и ушествува во работата на Седниците на Советот.