Данок на имот

Данок на имот

 

Данок на имот се плаќа за недвижен имот, освен за оној имот кој е ослободен од плаќање данок според закон.

 

Oснова на данокот на имот претставува пазарната вредност на недвижниот имот.

Обврзник на данок на имот е физичкото и правното лице кое е сопственик, корисник или плодоужи вател на имотот.

Даночната обврска за данок на имот настанува со денот на стекнувањето на имотот, издавањето на одобрение за употреба на недвижниот имот од надлежен орган или од денот на отпочнување на корис тењето на имотот од обврзникот на данокот.

 

 

Процедура:

 

За утврдување на данок на имот треба да се поднесе пријава и имотен лист, до референтот во Општина Дебар каде што следува разгледување од страна на надлежните во одделението за администрирање и наплата на локални приходи, а проценката на имотот ја врши овластен проценител.

Рокот за донесување на РЕШЕНИЕ од страна на органот е 30 дена.

Доколку странката не се согласува со донесеното решение , странката има право  на  Управен  спор  пред надлежниот суд , преку Градоначалникот на општината  во рок од 30 дена  од денот кога е примено решението .

 

Тужбата се разгледува од страна надлежниот суд , која дава која дава инструкции на компетентниот орган во Општината во врска со Решението кое треба да го донесе  во рок од 15 дена.

 

Странката има право и да  поднесе жалба против второстепената  одлука и тоа  пред Управен Суд на Република Северна Македонија , и ако повторно не се согласува со ова Одлука од Управниот Суд , има право да му се обрати до Врховниот Суд  како последна инстанца.

 

Потребни документи:

 

-Даночна пријава потполнета  за данокот на имот ,

 

-Потврда за имотност (Имотен лист,договор за купопродажба , решение за наследсто,оставинско решение и друго)

 

-Фотокопие од лична карта.

За повеќе информаци,може да се контактира општинската админисрација – Астрит Крчишта

Email: titi_k59@hotmail.com,astrit.kercishta@dibra.gov.mk

Контакт : 046/831-196