ГИМНАЗИЈА

С.О.У 28 Ноември

 

Училиштето е основано во 1960 година. Тогашната гимназија беше сместена во просториите на Основното училиште „Оџ Вогли“, а наставата се реализираше двојазично и во две смени.Во учебната 1960/61 година училиштето имаше само три паралелки: една на македонски јазик и две на албански јазик.По земјотресот во 1967 година училиштето беше дислоцирано во нов монтажен објект, изграден како солидарна помош за настраданиот град.

Воспитно-образовната дејност во централното училиште се одвива во една училишна зграда со 30 училници опремени со компјутери за секој ученик и мрежно поврзани со интернет конекција, кабинет по информатика со интернет конекција, кабинетите се опремени со нагледни помагала по предметите: хемија, физика, биологија, географија. Училиштето поседува и библиотека, училишна спортска сала, училиштен двор од 8000 м2, канцеларија за наставници, кабинети и други помошни простории. Во подрачната гимназија во с.Могорче училишната зграда располага со 4 училници и две помошни просториибинет со интернет конекција.

Наставата е оргнизирана во две смени, а во подрачната гимназија во с.Могорче

Мисија- Училиштето подготвува млади луѓе за учење, обука, работа и целосно вклопување во секојдневниот живот во една современа, демократска и мултикултурна Земја.

Висија- Да бидеме модерно и ефективно училиште во кое се што ќе се работи ќе биде за доброто на учениците, за постигнување на повисоки резултати во сите области – како во училиштето така и надвор од него.

Мото на училиштето : „ВАШЕТО ЗНАЕЊЕ – НАША ЦЕЛ“

Адреса: Rr.Urfi Agolli, бр.5
Tel: 046/ 831 625
Fax: 046/ 831 625

E-mail: shmk28nentori@gmail.com