Фисник Мела
Фисник Мела е роден на 22.06.1984 во Дебар.
Дипломиран на Компјутерски науки на Сити колеџ, Меѓународен Факултет на Универзитетот Шефилд – Грција (2003-2006)
Фисник Мела е магистер по Софтверско инженерство и телекомуникации и дипломиран Компјутерски науки на во Сити колеџ, Меѓународен Факултет на Универзитетот Шефилд – Грција (2006-2007)
Активно учествува на водечки европски и светски ИТ конференции и е член на British Computer Society (BCS).
Фисник Мела е долгогодишен професионалец во областа на информатичката технологија, со повеќе од петнаесет години меѓународно искуство во развој на софтвер, управување со проекти и дигитална трансформација.
Кариерниот пат го гради преку соработка со реномирани компании и институции од САД, Швајцарија, Велика Британија, Германија, Словенија, Израел и други држави, работeјќи на развој на комплексни дигитални системи и модерни технолошки решенија.
Во 2021 година ја основа Rottera Software Development, компанија специјализирана за развој на веб и мобилни апликации, која успешно соработува со меѓународни партнери и стартапи. Претходно, Мела беше дел од американската компанија Tarmac, каде што работеше на крупни проекти за познати платформи во образованието, финтек-секторот, логистиката и дигиталните услуги.
Професионалното искуство го надградува и преку работата во Slice (New York) – водечка американска платформа за е-трговија на пица-индустријата, како и во BettyBlocks (Холандија), глобален пионер во no-code технологиите.
Како општествено одговорен граѓанин, Мела волонтерски ја извршува функцијата раководител на ИТ-одделот во Институтот за политички и меѓународни студии (ISPN). Познат е по својата посветеност на јавниот интерес, дигиталните иновации и стратешкиот развој на заедницата.
Од Септември 2024 до Декември 2024 беше избран како Советник на Генералниот Директор на Фондот за Здраствено осигурување на Северна Македонија (part time).
Од Декември 2024 до Ноември 2025 беше избран како Заменик Генерален Директор во Управа за Јавни приходи во Скопје.
На локалните избори од 19 октомври 2025 година, се кандидираше за Градоначалник на Општина Дебар од редовите на Коалицијата Влен, каде што по вториот круг избори, одржан на 02.11.2025, беше избран од граѓаните на Дебар на функцијата Градоначалник на Општина Дебар.
Фисник Мела е оженет и е татко на две деца.
