Исторички Објекти

Амами во Дебар

Дебар низ историјата е познат по амамите кои се вградени во време на Отоманската империја. Овие објекти се разликуваат по своите архитектонски квалитет и материјал со кој тие се изградени. Дебар имал неколку амами, но два од нив се разликуваат, стариот амам и новиот амам, и двете биле користени за одржување на личната хигиена, како и за нивна рекреација.

Стариот амам, според истражувањата на архитекти и на историчари е изграден во XVII век.

Амамот има една зграда со ориентална архитектура во еден посебен плоштад, во стариот дел на градот. Амамот има габарит од 15 х 15 квадратни метри, со надворешна форма. Амамот бил користен од богатите дебрани во времето на Турците. Користењето било селективно и таму не биле примани сите оние кои имале желба да го користат амамот за индивидуална хигиена. Овој амам се употребувал до 1982-1930 год.

Новиот амам исто така има големо значање за Дебар, овој амам е изграден во близина на главниот пат на градот и сите податоци укажуват дека е изграден во 1872 год.

Изграден е од тврд материјал,врежан мермерен камен и печени цигли, како што бил изграден и стариот амам. И овој амам имал гарабит од 15х15 квадратни метри, додека предниот дел кој претставува анекс има габарит од 10х10 квадратни метри. Во покривот на овој амам била големата купола во која биле насликани орнаменти од животинскиот свет,со еден силен вкус на апликативна уметност. Во куполата имало висока ламба за осветлување, а карактеристични биле терасите на овој амам, каде што се водени дебарските муабети. Амамот имал пет куполи и неколку покриви. Според старите жители, во амамот во текот на изградбата се користеле камења и мермер од неколку стари кули на Дебар, кои биле во фаза на уништување. Тој денеска е претворен во галерија.

Стари Дебарски куќи

КУЌАТА НА ФАМИЛИЈАТА СЕЛА

Куќата на фамилијата Села во Дебар претставува одличен пример на градската архитектура од 19 век. Куќата е изградена и декорирана во специфичниот ‘a la franga’ стил, а карактреристичните елементи на надворешноста и внатрешноста сведочат за начинот на живот на богатите муслимански фамилии од тој период. Особено интересна е декорацијата на ентериерот во која се преплетуваат сликани и резбани орнаменти, мурали, потоа специфичниот камин со штуко декорација, како и карактеристичните украсени долапи.

КУЌАТА НА ФАМИЛИЈАТА ЕРЕБАРА

Куќата во каја сега живее семејството Еребара е една од најпрочуените куќи во Дебар иако е стара над 400 години, и денеска ја чува својата убавина. Целата е изработена од дрво од страна на дебарските мајстори. Таванот на ова куќа се наоѓа на македонската банкнота од 100 денари.

VARRI I HOXHOLLIT PRANË XHAMISË SË HYNQARIT

Xhamitë janë nga veprat kryesore monumentale të besimit islam. Dibra e shekullit XIX njihej si “Dibra e Madhe me 9 minare.” Më e vjetra është Xhamia e Hynqarit, e ndërtuar në vitin 1468 me urdhër të Sulltan Mahmudit II.

Në oborrin e xhamisë së Hynqarit (xhamia mbretërore)gjenden varret e shumë pashallarëve dhe njerëzve të pasur të Dibrës. Në pjesën e sipërme të varreve dallohet një ndërtesë me tetë shtylla në të cilën është varrosur familja Hoxholli, familja më e njohur feudale që ka sunduar Dibrën për më shumë se dy shekuj edhe atë pikërisht nga viti 1610 deri në vitin 1863.

МАНАСТИРОТ РАЈЧИЦА

Манастир Св.Ѓорѓи Победоносец, с.Рајчица- Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во селото Рајчица се наоѓа на два километри од градот Дебар – некогаш метох на Бигорскиот манастир, денес е манастир со женски монашки ред.  Црквата е изградена во 1835 година  и е посветена на Св. Ѓорѓи Победоносец.