Надлежности на општината
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
1. Урбанистичко( урбано и рурално) планирање,издавање за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
2. Заштита на животната средина и природата,во смисла на преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење;
3. Локален економски развој, во смисла на планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојни и структурни приоритети, водење на локална економска политика, подршка на развој на мали и средни претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на иституции и промовирање на партнерство;
4. Комунални дејности, во смисла на снабдување со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистување на отпадни води,одведување и третман на атмосферски води, јавно осветлување, одржување на јавна чистота, собирање, транспортирање и постапување со комунален цврст и технолошки отпад, уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавен простор за паркирање, одстранување на непрописно паркирани возила, одстранување на хаварисани возила од јавните површини, изградба и одржување на пазари, чистење на оџаците, одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти;
5. Култура, во смисла на институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични и културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
6. Спорт и рекреација, во смисла на развој на масовен спорт и рекреативни активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт, како и подршка на спортски сојузи;
7. Социјална заштита и заштита на деца, во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца од еднородителски семејства како и деца од улица, лица изложени на социјален ризик, засегнати со злоупотреба на дрога о алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување на право и воспитување на деца од предучилишна возраст;
8. Образование, во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, како и организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;
9. Здраствена заштита, во смисла на управување со мрежата на јавни здраствени организации и објекти од примарна здраствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здраствени организации во јавна сопственост, здраствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни акивности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здраствен надзор на животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специални потреби и други области определени со закон;
10. Споведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјални добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив;
11. Противпожарна заштита, вршена од територјалната противпожарна единица;
12. Надзор над вршењето на работи од надлежност на општината;
13. Други работи определени со закон.